Се подговуваат многу лесно, а на нивниот вкус нема да може да му одолеете.
Една од најздравите намирници на светот сигурно е компирот затоа што може да го подготвите на многу начини.
Голема предност е тоа што се подготвува многу брзо, а тоа веројатно е така затоа што има многу лесни и едноставни рецепти за негова подготовка.
Трикот е во додавањето лукче и мелена пиперка, а крцкавите компирчиња може да ви послужат и како додаток со било кое месо.
- СДСМ ја поднесе интерпелацијата за гувернерот Трајко Славески
- Дали често ви е студено без причина? Причина може да биде некоја честа болест
- Грција бара работници – повеќе од 46.000 работни места се непополнети
- Градското собрание усвои: 5-6 проценти повисок данок на недвижен имот
- Јанкоски: Колективниот договор за култура не е подарок од власта, туку извојувано работничко право
- Мицкоски оствари средба со британската амбасадорка Маја Сивањанам: Во фокусот македонско-британските односи
- ТАВ Аеродроми по третпат ја реализира зелената иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“
- Николоски најави автопати без патарини, наплатата ќе се врши по изминат километар
- Првата светица од генерацијата Z? Марија почина на 18-годишна возраст, започната е важна постапка
Состојки:
– 600 грама компир;
– масло за јадење;
– сув зачин или пак сол;
– лукче;
– 1 лажица црвена мелена пиперка;
– малку оригано.
Подготовка:
Излупете го компирот па исечете го на коцки и варете го 10-12 минути. Исцедете го, па во него додадете малку масло за јадење, мелената пиперка, ориганото, зачините, лукчето и сето тоа измешајте го убаво.
Загрејте масло за јадење во тава, па компирите ставете ги во врелото масло и пропржете ги со лесно мешање додека не заруменат и не станат крцавви – тогаш се наслатки.
Сервирајте го како додаток во некое месо.






