Како H&M успеа нагло да го зголеми профитот?

Како причини се наведуваат добриот прием на колекциите кај клиентите, благите попусти и контролата на трошоците.
Нето приходот на H&M се зголеми за 8 отсто во последниот квартал од фискалната година на 56,8 милијарди шведски круни (5,4 милијарди евра). Изразено во локална валута тој порасна за 11 отсто.
Добивката по финансиските ставки скокна за 64% на 6 милијарди круни.
„Силниот квартален резултат главно се должи на добриот прием на колекциите, зголемената продажба по целосна цена, поблагите намалувања и добрата контрола на трошоците“, се вели во соопштението на групацијата.
Во целата деловна година што заврши во ноември, нивниот нето приход се зголеми за 6 отсто на 199 милијарди круни. Изразено во локална валута, се зголеми за 12 отсто.
Добивката по финансиски ставки се зголеми речиси за четири пати, на 14,3 милијарди круни.
Од H&M најавија дека планираат да ја удвојат продажбата до 2030 година и истовремено да ја преполоват емисијата на штетни гасови и евентуално да ја надминат стапката на профитабилност од 10 проценти.
„За да се постигнат овие амбициозни цели за животна средина и раст, инвестициите треба да се зголемат. Во 2022 година очекуваме капитални расходи од околу 10 милијарди круни“, велат од компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.