Канелони со сирење и спанаќ: Јадење со кое можете да ги измамите дури и децата кои не сакаат зеленчук!

Воодушевете го целото семејство.
Состојки:
10-12 канелони
1 јајце
250 гр сирење рикота
250 гр свежо кравјо сирење
150 гр спанаќ или блитва
3 чешниња лук
2 дл крем за готвење
100 гр пармезан
2-3 лажици маслиново масло
сол и црн бибер
Подготовка:
Ставете ги канелоните да се варат во солена зовриена вода две минути само малку да омекнат. Потоа извадете ги и оставете ги настрана. Измијте го и исечете го спанаќот или блитвата.
Во сад со малку сол и бибер, изматете едно јајце, додадете свежо сирење, рикота, половина пармезан и лук и сецкани лисја од спанаќ или блитва. Додадете 1-2 лажици маслиново масло и измешајте сè добро.
Наполнете ги канелоните со добиената мешавина и наредете ги едни до други во подмачкан огноотпорен сад.
Измешајте го кремот за готвење со остатокот од пармезанот и истурете го врз канелоните.
Ставете ги во рерна на 200 степени 30-35 минути

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.