недела, 29 ноември 2026
Најново

Касами со закана до Заев

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неговата „Беса“ нема да гласа за уставните измени во Собранието доколку не бидат прифатени нивните барања (заедно со Алијансата на Албанците) во амандманите од Договорот за Преспа да се избрише зборот „македонски“ во графата за државјанство и да пишува само граѓани на Северна Македонија, се закани Билал Касами.
-Заев ако нема слух за нашите барања, а до сега немаше, да си размислува да си најде уште гласови за уставните измени, рече Касами.
Одлуката дали пратениците на Беса ќе ги поддржат уставните измени ќе ја донесе централното претседателство. Беса во Собранието има двајца пратеници, исто како и Алијансата на Албанците на Зијадин Села.

 

Поврзани вести