Кафе на стапче: Одличен рецепт за летните денови

Внесете ја вашата дневна доза кофеин со овој одличен рецепт за кафе на стапче. Потребно ви е ладно инстант кафе, кондензирано млеко и шеќер кои е потребно само да ги замрзнете. Направете место во замрзнувачот бидејќи сигурно ќе сакате да направите поголема доза.
Кафе на стапче: Одличен рецепт за летните денови
Потребни состојки:
650 милилитри ладно кафе, поделено
120 милилитри кондензирано млеко
45 г шеќер


Начин на подготовка:
Во малo тенџере на средна топлина загрејте 325 милилитри кафе, додајте шеќер и мешајте додека шеќерот не се раствори.
Во друг сад ставете го останатото кафе. Додајте ја топлата мешавина од кафе и шеќер и кондензираното млеко и промешајте.
Ставете ја смесата во калапи за сладолед и ставете стапчиња.
Moжете да додадете зрна кафе по избор.
Ставете во замрзнувач за 2 до 3 часа, а потоа уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.