Кафе со куркума, какао и бадемово млеко

Вкусен и здрав кофеински пијалак
Потребни состојки:
230 милилитри свежо подготвено еспресо
230 милилитри бадемово млеко
1 кафена лажичка сирово какао во прав
1 кафена лажица корен од мака во прав
1 кафена лажичка кокосово масло или путер
1 кафена лажичка сиров мед
1/2 кафена лажичка куркума во прав
Прстофат ванила
Прстофат цимет


Начин на подготовка:
Сипете го кафето во шолјата во којашто ќе послужувате, додајте го млекото и добро промешајте. Потоа додајте ги и сите останати состојки освен циметот, по наведениот редослед, и повторно промешајте. На крај декорирајте со цимет кој ќе го оставите на врвот на кафето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.