Познато е дека свежите јајца имаат протеини, витамини и минерали, заситуваат, а можат да се подготват на повеќе начини. Па, ако сте љубител на јајца, и сакате да загубите неколку килограми на едноставен начин, тогаш време е за таканаречената – кајгана диета.
Како се држи? Многу едноставно, доволно е само појадокот и вечерата да ги замените со кајгана која може да ја подготвите со тиквички, шунка, пиперки, домати, печурки, спанаќ, кромид или сезонски зеленчук, во зависност од вкусот и моментната желба…И така цела седмица! Килограмите ќе си заминат брзо. Важно е, секако, кајганата да се јаде без леб, а навечер е дозволена и салата со краставички и парче младо сирење.
По првата седмица направете пауза од неколку дена, па потоа продолжете со диетата додека е потребно.
Инаку оваа диета е објавена и докажана преку повеќе истражувања кои се објавени во “US National of Medicine“ и “National Institutes of Health“.


