четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кејт Мидлтон ја носи хит тоалетата за оваа сезона

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Војвотката од Кембриџ навикнавме да ја гледааме во тоалети со А-крој и струкирани капути, па затоа со последниот моден избор особено изненади.
За отворањето на „V&A Photography“, во лондонскиот музеј „Victoria & Albert“, Кејт Мидлтон направила отстапка од својот вообичаен стил и се појавила во хит тоалетата за оваа сезона.
Кариран модел е еден од водечките трендови за оваа есен, а најмногу користен е на тоалетите. Кејт одбрала карирана тоалета, од дизајнерската куќа „Erdem“, со необичен, асиметричен дел и впечатливи рамена.


Тренди тоалетата ја искомбинирала со класични салонки и ташна во истата боја, а од накит одбрала впечатливи обетки со бисери. Косата ја пуштила, како и на претходните две службени излегувања, после породилното отсуство, со таа разлика што овојпат малку ја засилила шминката, и ги нагласила очите.

Поврзани вести