Кириленко најдобар европски кошаркар во 2012

 Андреј Кириленко е прогласен за најдобар европски кошаркар за 2012 година, во традиционалниот избор на ФИБА Европа. Кириленко по втор пат го освојува ова признание, претходно тој беше најдобар во 2007 година.
Рускиот репрезентативец, поради ’лок аутот’ во НБА лигата, сезоната 2011/2012 ја мина во дресот на ЦСКА Москва, со која стигна до финалето во Евролигата, а ја освои и титулата во домашното првенство. Настапите во Евролигата му ја донесоа титулата за најкорисен играч во ова натпреварување.Кириленко летово ја предводеше репрезентацијата на русија до бронзениот медал на Олимписките игри во Лондон.Играчот на Минесота, во изборот ги победи Пау Гасол (ЛА Лејкерс), Василис Спанулис (Олимпијакос), Тони Паркер Сан Антонио), Марк Гасол (Мемфис), Данило Галинари (Денвер), Горан Драгич (Феникс), Марцин Гортат (Феникс), Никола Пековиќ (Минесота) и Омер Ашик (Хјустон).
Макфакс Андреј Кириленко е прогласен за најдобар европски

Пронајдете не на следниве мрежи: