Ковачевски освои помалку гласови дури и од Рада: Кој ќе биде нов лидер на СДСМ?

Дебаклот на СДСМ на овие избори е од епски размери, што би рекле некои нивни поддржувачи. Ковачевски забележа убедливо најлош резултат како лидер на СДСМ и освои само 153.250 гласови по што СДСМ стана трета партија во Парламентот.

Со овие гласови Ковачевски е полош е дури и под Радмила Шекеринска. Популарната Рада на вонредните парламентарни избори во 2008 година кои се случија како резултат на Самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство СДСМ освои 233.284 гласа како коалиција „Сонце“.Тогаш се мислеше дека подолу од ова СДСМ не може. Но, ете можело.

Ковачевски најави внатре партиски избори. Аспирации покажува Јован Деспотовски, но и Оливер Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.