Ковачевски: Силно го осудувам апсењето на новинарот Фуркан Салиу

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, го осуди апсењето на новинарот Фуркан Салиу.

– Силно го осудувам апсењето на новинарот Фуркан Салиу.

Употребата на сила против новинарите страшно потсетува на мрачните времиња од минатото кога немавме слобода и демократија и бевме заробена држава.

Заплашување на новинари, злоупотреба на моќта и на институцијата МВР е недозволиво.

Очекувам новинарот да биде ослободен. Слободата на говор и заштитата на новинарите се врвен приоритет во едно демократско општество. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: