Ковчегот на кралицата Елизабета пристигна во палатата Холирудхаус во шкотската престолнина Единбург, завршувајќи ја првата етапа од осумдневното последно патување на кралицата.

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора пристигна во шкотската престолнина Единбург во неделата попладне, по шестчасовно патување низ шкотските села.
Голем број луѓе се собраа во Единбург за да се простат од кралицата Елизабета, која почина во четвртокот во замокот Балморал на 96-годишна возраст.
Кралицата пред замокот ја пречека почесна стража која ќе го изведе познатиот кралски поздрав, пишува CNN.
Ковчегот ќе биде поставен во една од салите на палатата каде што персоналот ќе може да и оддаде последна почит на покојната кралица, слично на она што беше направено во замокот Балморал.
Пронајдете не на следниве мрежи:



