Колачиња со путер од кикирики и чоколадо

Спој на повеќе вкусови кои одлично се вклопуваат заедно. Путерот од кикирики оди супер со чоколадо, а со овесното брашно се добива преубава текстура на колачињата.
Потребни состојки:
80 г путер од кикирики
160 г путер/маргарин
80 г шеќер(кафеав+бел)
100 г овесно брашно
150-200 г бело брашно
Чоколадо
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки освен чоколадото во средно/цврсто тесто и оставете го во фрижидер најмалку 10-15 минути, а може и повеќе(и преку вечер). Оформете ги колачињата и печете ги на 200 степени околу 10-15 минути. Ќе ви изгледаат меки, но готови се доколку се кафеави од страната. Додека се топли одозгора ставете парчиња чоколадо и оставете да се изладат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.