Колачиња што наликуваат на ботаничка градина

Потребни состојки:
200 грама путер, несолен, на собна температура
200 грама шеќер
1 жолчка од големо јајце
1 кафена лажичка екстракт од ванила
320 грама сенаменско брашно
1/2 кафена лажичка сол
1 белка од големо јајце
30 цветчиња што се јадат
Шеќер во прав
Начин на подготовка:


Ставете ги путерот и шеќерот во сад и матете со електричен миксер додека не добиете мека смеса, односно околу 3 минути. Потоа додајте ги жолчката и ванилата и матете уште околу 1 минута, односно додека не се комбинираат. Додајте го брашното и солта и повторно мешајте до комбинирање.
Подгответе парче хартија за готвење, и ставете го тестото над неа и обликувајте го во долг цилиндар. Замотајте го тестото во хартијата и ставете го во фрижидер да се олади на околу 90-тина минути.
Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете хартија за печење во тава. Со помош на нож, исечкајте го тестото на тенки кругови, кои полека ќе ги редите во тавата. Внимавајте да оставите доволно простор меѓу нив за да не се спојат кога ќе почнат да растат.
Во посебен сад, изматете ја белката заедно со 1 супена лажица ладна вода. Со оваа смеса намачкајте ја површината на колачињата и поставете им ги цветовите во центарот. На крај, просејте го и шеќерот во прав врз нив.
Печете ги колачињата околу 13-15 минути и оставете ги целосно да се оладат откако ќе ги извадите од рерната пред да ги тргнете од хартијата за печење.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.