Колач со вишни и пишкоти – кремасто и сочно задоволство во кое ќе ужива целото семејство

Ви носиме едноставен рецепт за совршен десерт кој ќе ве фасцинира со својот вкус!
Потребни состојки:
– 700 гр. вишни
– 16 лажици шеќер
– 2 пудинга од малина или јагода
– 2 пудинга од ванила
– 900 мл. вода
– 160 гр. путер
– 750 мл. млеко
– 450-500 гр. пишкоти
– 2 лажици гриз
– 2 дл. слатка павлака
– 200 гр. чоколадо за готвење


Начин на приготвување:
1. Во лонец ставете 500 мл. вода, 8 лажици шеќер и исцедените вишни.
2. Пудинзите од малина или јагода изматете ги во 2 дл. вода, a потоа додајте ги во лонецот со вишните.
3. Сварете го пудингот, па додајте 80 гр. путер. Сето тоа добро измешајте го и варете го уште неколку минути додека се стопи путерот.
4. Подгответе сад со големина 28х28 центиметри, па потопете ги пишкотите во ладно млеко и наредете ги на дното во садот.
5. Врз пишкотите, со лажица рамномерно распоредете го кремот од пудинг и вишните.
6. Потоа повторете го редот со пишкоти, но овој пат не ги потопувајте во млеко.
7. Во лонец додајте 500 мл. млеко и 8 лажици шеќер, а во друг сад разматете ги пудинзите од ванила во 2 дл. вода и внатре додајте 2 лажици гриз.
8. Измешајте, па префрлете ги во лонецот со млекото. Варете додека не добиете пудинг, па додајте 80 гр. путер.
9. Пудингот прелејте го врз пишкотите.

10. Загрејте слатка павлака и во неа стопете го чоколадото за готвење.
11. Чоколадната глазура прелијте ја врз колачот и оставете го да се излади во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.