КОЛАЧ СО ЗАПЕЧЕНИ БЕЛКИ

6 жолчки
300 г шеќер
250 г маргарин
300 мл млеко
300 г брашно
2 кафени лажици какао
рендана кора од 1 лимон
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
300 г мармалад од кајсии
100 г сечкани ореви
6 белки
15 лажици шеќер

Маргаринот, жолчките и 300 г шеќер изматете ги со миксер. Додадете ги брашното, какаото, ренданата кора од лимон, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво и млекото. Изматете ја смесата додека не се соедини и ставете ја во правоаголна тава бр 40, премачкана со маргарин. Печете 30 минути на 200 степени и извадете од рерна.
Премачкајте го колачот со мармаладот и нанесете ги белките изматени со 15 лажици шеќер. Потоа наросете ги сечканите ореви, вратете ја тавата во рерна и запечете уште 15 минути на 150 степени. Извадете од рерна и исечете го изладениот колач на коцки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.