Колач со лешници и чоколадо

Потребни состојки:
7 белки
6 лажици шеќер
7 лажици брашно
100 г чоколадо за готвење
100 г лешници
100 мл масло
1 прашок за печиво
Фил
7 жолчки
100 г чоколадо за готвење
125 путер
50 г мелени лешници


Начин на подготовка:
Изрендајте го чоколадото. Испечете ги лешниците во рерна, исчистете ги од лушпи и исечкајте ги. Изматете ги белките за да направите цврст снег, а потоа полека додавајте шеќер, брашно, мелени лешници, чоколадо и прашок за печиво и мешајте постојано.
Премачкајте го тавчето со димензии 33х30 со путер, наросете со брашно и сипете ја подготвената смеса за колачот.
Загрејте ја рерната на 200 степени и откако ќе го ставите колачот да се пече, намалете ја на 150 степени и печете 20 минути.
Изматете ги жолчките со шеќер на пареа, додајте чоколадо и путер и гответе околу 5 минути.
Оставете го колачот да се излади, па намачкајте го филот. Откако ќе се излади, исечете го на коцки и наросете со лешници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.