Колач со портокал и рум: Никогаш поедноставен десерт со мирис и вкус кои вечно се паметат

Денеска ви претставуваме генијален рецепт за кој ви е потребно многу малку време, а сите состојки ги имате во кујната.
Потребни состојки:
– 180 гр. путер
– 200 гр. шеќер
– 50 мл. рум
– 5 јајца
– 250 гр. брашно
– 80 гр. пченкарно брашно
– 1 прашок за пециво
– 4 лажички сок од портокал
– кора од портокал


Начин на припрема:
1. Премачкајте го калапот за печење со должина од 25 центиметри со путер и обложете го со хартија за печење.
2. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени, а потоа миксирајте го омекнатиот путер со шеќерот сè додека не добиете хомогена смеса.
3. Потоа во садот додавајте ги јајцата, едно по едно.
4. Додадете го сокот, изренданата кора од портокал и румот, а потоа уште кратко миксирајте.
5. На крајот додадете го брашното, пченкарното брашно и прашокот за пециво и мешајте со дрвена лажица.
6. Вака подготвената смеса ставете ја во калапот и печете отприлика еден час.
7. Извадете го колачот од рерна, оставете да се излади 15-тина минути, а потоа префрлете го на решетка за да се доизлади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.