Колач со Ресана кекси

ЗА КОЛАЧ
5 јајца
200 г шеќер
250 г брашно
250 г маргарин
150 г дробени ореви
50 г какао
200 г Ресана кекси
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
200 г маргарин
200 г шеќер во прав
100 мл млеко
50 г какао
1 ванилин шеќер
Изматете ги маргаринот и шеќерот. Едно по едно додадете ги јајцата и матете со миксер. Потоа додадете ги брашното, оревите, какаото, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Уште еднаш изматете ја смесата и ставете ја во тава прекриена со харија за печење. Печете 30 минути на 200 степени.
Откако ќе се излади извадете го колачот од тавата и наредете ги Ресана кексите.
Од маргаринот, шеќерот во прав, какаото, млекото и ванилиниот шеќер со миксер изматете фил. Нанесете го на колачот и откако ќе се стегне исечете на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.