Колач со суво овошје

150 г шеќер
80 г брашно
150 г мед
200 г суви смокви
100 г печени лешници
125 г обарени и излупени бадеми
100 г чоколадо
рендана кора од портокал
1/4 лажичка ѓумбир
1/4 лажичка мелено морско оревче
1/4 лажичка цимет
100 г шеќер во прав
Во сад ставете ги брашното, зачините, целите лешници и бадеми, исечканото чоколадо и смоквите, и ренданата кора од портокал, па добро измешајте.
На умерена температура растопете ги медот и шеќерот, и додадете ги во смесата. Промешајте и нанесете ја смесата во тава, прекриена со хартија за печење премачкана со маргарин. Печете околу 30 минути на 150 степени.
Изладениот колач наросете го со шеќер во прав, завиткајте го во најлонска фолија и чувајте го во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.