Компир салата со туна и праз

1 кг компири
350 г конзервирана туна
400 г праз
10-на кисели краставички
300 г мајонез
сол и мелен црн пипер
Измијте ги и сварете ги компирите. Излупете ги, исечкајте ги на коцки и ставете ги во сад.
Празот исечкајте го на тенки кругуви и додадете го во садот.
Краставичките исечкајте ги на ситни коцки, па и нив додадете ги во садот. Потоа додадете ги туната, мајонезот, сол и црн пипер и измешајте ја салатата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.