Консумирајте го во големи количини: Овој зеленчук докажано влијае на слабеењето

Од дамнешни времиња, краставицата е позната по своите предности. Во глобала, краставицата се состои од вода и важни нутритиенти кои имаат есенцијално значење по организмот на луѓето. Краставицата освен што е богата со витамините А и Ц, содржи и силициум кој ги зајакнува сврзните ткива.
Краставицата потекнува од Индија, а пред 5000 години ја користеле древните народи од подножјето на Хималаите. Освен што е добар за вашето здравје, овој зеленчук го поттикнува и топењето на килограмите.


Исто така, краставицата содржи мал број на калории и има ниска енергетска вредност – тоа е одличен избор доколку сте на диета со контролиран внес на калории.
Исто така, додатокот на витамините и минералите кои се наоѓаат во овој зеленчук ќе ги нахрани вашите клетки што значи дека ќе имате поголема контрола над гладта. Со самото тоа ќе се спречи прејадување и ќе се намали желбата за слатки.
Една третина краставица (околу 100 грама) содржи само 16 калории. Тоа е логично бидејќи овој зеленчук суштински се состои од вода, а нутриционистите велат дека сокот од краставица може да биде од голема корист во процес на слабеењето. Водата исто така го забрзува метаболизмот, а консумацијата на краставица ќе има исто дејство.
Освен тоа, краставицата ќе ви ја освежи кожата, успешно ќе ги елиминира воспаленијата, ќе ја поттикне работата на дигестивните органи и ќе му помогне на телото да остане хидрирано.
Како да ја консумирате краставицата?
Не е неопходно да ја јадете краставицата во сиров облик. Пробајте да бидете креативни и да додадете свежа или замрзната краставица во својот смути напиток.
Таа одлично се вклопува со незасладена кокосова вода и сок од лимета. Можете да додадете и листови од нане, што дополнително ќе ве освежи во текот на летните денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.