КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Лоши вести доаѓаат од Велика Британија, лекарите загрижени за нејзиното здравје

Лекарите на кралицата Елизабета Втора (96) се загрижени за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Лоши вести доаѓаат од Велика Британија, лекарите загрижени за нејзиното здравје

По дополнителен преглед утрово, лекарите на кралицата се загрижени за нејзиното здравје и препорачаа таа да остане под медицински надзор во Балморал, се вели во соопштението.

Нејзиното потесно семејство е информирано, а соопштението доаѓа откако кралицата, за прв пат во историјата, ја назначи новата британска премиерка Лиз Трус, во замок во Шкотска, наместо во кралска палата во Лондон, поради нарушено здравје.

Новата британска премиерка Лиз Трас рече дека „целата земја е длабоко загрижена“.

„Моите мисли – и оние на луѓето низ нашето Обединето Кралство – се со нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“, додаде таа.

Според Дејли Мејл, принцот Чарлс, неговата сопруга Камила и принцот Вилијам отишле во Балморал да бидат со неа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.