Крајбрежна стража на САД: Пронајдените остатоци одговараат на катастрофална имплозија на подморницата „Титан“

Отпадоците пронајдени недалеку од остатоците на Титаник се совпаѓаат со „катастрофалната имплозија на подморницата Титан“, што исчезна во неделата, час и 45 минути по нуркањето,соопшти синоќа американската крајбрежна стража.

Контраадмиралот Џон Маугер од американската крајбрежна стража на прес-конференција во Бостон изјави дека најверојатно имало експлозија во подморницата.
-Големината на полето со остатоци одговара на катастрофална имплозија на подморница, рече Маугер по објавувањето на веста за смртта на екипажот.

Екипажот на подморницата Титан е изгубен, а нејзината рамка за спуштање до дното и задниот капак се пронајдени денеска меѓу остатоците недалеку од потонатиот брод Титаник, соопшти компанијата Оушн Гејт (Оушн Гејт).
„Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати“, наведе приватната компанија во соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.