Кремасто смуди со кафе

Смуди со кафе со кремаста текстура, без засладувачи, чоколадно и едноставно за приготвување. За ова смуди ви се потребни само 5 состојки.
Кремасто смуди со кафе
Потребни состојки:
60 милилитри ладно инстант кафе или филтер кафе
половина банана
80 милилитри кокосово млеко или по избор, замрзнато во стандардни коцки мраз (за кафето ќе ви требаат 2 или 3 коцки мраз)
1 лажичка какао во прав
1 лажичка засладувач по вкус


Начин на подготовка:
Млекото ставете го во форма за коцки мраз и замрзнете го преку ноќ, а бананата исечкајте ја и исто така оставете ја да замрзне.
Подгответе го кафето и оставете го во фрижидер околу 12 часа или преку ноќ.
Следниот ден за да го подготвите смудито, додајте го кафето, замрзнатата банана, коцките мраз, какаото и засладувачот во блендер.
Блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Додајте повеќе кафе или млеко ако имате проблем со блендирањето.
Додадете повеќе засладувач ако сакате, а исто така можете да додадете и чоколадни струготини. Бидете креативни и уживајте во вкусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.