Кремљ: Путин извојува апсолутна победа – не ни е грижа што мислат во Америка

Резултатите од претседателските избори во Русија се единствени, а приказните за нивната „нелегитимност“ се апсурдни со оглед на поддршката што Владимир Путин ја доби од гласачите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сосема уникатни резултати за сегашниот претседател Путин, односно нивото на поддршка од граѓаните. Како кандидат оствари апсолутна победа. Се разбира, тоа е најживописната потврда за тоа колку луѓе во нашата земја го поддржуваат својот претседател и потврда за консолидација околу неговиот пат“, рече Песков.

Тој оцени дека се „апсурдни“ изјавите на опозиционери од странство за „нелегитимноста“ на изборите.
„Ако зборуваме за „нелегитимноста“ на изборите во нашата земја, тогаш, веројатно, треба да зборуваме за нелегитимност на повеќе од 87 проценти од гласовите на населението во нашата земја што тие ги дале за претседателот Путин. Тоа е апсурдно“, изјави портпаролот на рускиот лидер.

Тој исто така додаде дека Кремљ категорично не се согласува со оценката на САД дека изборите не биле слободни и фер.

„Говорејќи пред новинарите вечерва, Путин рече дека ваквите оценки се многу очекувани и предвидливи – имајќи предвид дека САД се де факто земја која е длабоко инволвирана во конфликтот во Украина и дека е земја која суштински, де факто е во војна со ни истакна Песков.

Според него, во такви околности не можело да се очекуваат различни оценки од САД.

„Повторувам уште еднаш: не се согласуваме со нив и, веројатно, тоа не е мислење што сме подготвени да го слушаме и што ни е важно деновиве“, рече Песков.
Истовремено, Песков потсети дека Путин од утрово добива честитки од колегите од странство и дека тоа ќе продолжи и во наредните денови.

Според последните резултати на Централната изборна комисија, по обработката на 99,7 отсто од гласачките ливчиња, Владимир Путин освоил 87,3 отсто од гласовите.

Пронајдете не на следниве мрежи: