Крофни со маргарин и кора од лимон

Состојки
1 коцка (40гр) пресен квасец
1 лажиче шеќер
300 мл. топло млеко
3 жолчки
100 гр. маргарин-растопен и оладен
5 лажици шеќер
300 мл. топла вода
прстофат сол
1 ванила
1 кесичка лимон шеќер или кора од 1 лимон
1 лажица рум
по потреба просеано бело брашно за да се добие средно меко тесто
по потреба шеќер во прав
1 ванила
по потреба масло за пржење

Најпрво го активираме квасецот со лажиче шеќер и топло млеко.
Кога ќе надојди се додаваат жолчките, маргаринот, шеќерот, топлата вода, прстофат сол, ванилата, лимон шеќерот, румот и брашното за да се добие средно меко тесто, повеќе да е кон меко.
Се остава да го дуплира волуменот, се премесува, кратко и енергично и повторно да надојди. Сега помалку време му треба.
Потоа на набрашнета подлога се расплескува нежно со раце тестото и малку со оклагија се притиска за да се отвори кора.
Дебелината на кората од 1-1,5 цм..
Се вадат форми. Остатокот се премесува, малку да поднадојди, се отвора кора и вадат форми. И тие да надојдат.
Се оставаат да надојдат 30 мин..
Се пржат на умерен оган, во не многу длабока мрснотија-т.е. масло да нема многу во тавата.
Горната страна прва се става во маслото.
Топли се валкаат во шеќер во прав замирисан со ванила.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.