Кружи фотографија од наводната виза на Џорџина Родригез, во неа е наведена како „сопственост на Роналдо“?

На Интернет кружи документ во кој Џорџина Родригез е означена како „робинка“ на Кристијано Роналдо.

Парот од саудиските власти добил посебна дозвола за заеднички живот. Заедничкиот живот на двајца невенчани е инаку забранет со државните закони на Саудиска Арабија.

Во документот кој е наводно виза на девојката на Роналдо и кој го превеле корисниците на Твитер, Џорџина е означена како „сопственост на фудбалерот“. За потсетување, жените во Саудиска Арабија немаат независност ниту автономија, а славниот пар не е официјално во брак.
Арапскиот „CNN“ ги контактирал властите во Саудиска Арабија по повод документот, но не добил никаков коментар. Тие напишале и дека документот е веројатно лажен, меѓутоа без официјална потврда не е можно да се потврдат ниту демантираат овие гласини.

Кружи фотографија од наводната виза на Џорџина Родригез, во неа е наведена како „сопственост на Роналдо“?

За потсетување, Роналдо и неговото семејство неодамна се преселија во Саудиска Арабија, каде живеат по нови правила. Џорџина неодамна ги прекршила правилата на облекување на вечера со вереникот, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што ѝ се заканува парична казна.
Имено, во Саудиска Арабија владее шеријат и жените се должни да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување налага „скромност и пристојност“, па така не смее да се носи тесна ниту проѕирна облека. Во јавност Џорџина би требало да носи абаја, традиционална долга туника во темна боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.