Крцкави и меки: 5 идеи за кроасани-сендвичи што би ги јаделе во кое било време од денот

Mеките и крцкави кроасани се одлична основа за путер од кикирики, чоколадо или овошје, а во солени варијанти се полнат со јајца, авокадо и други вкусни состојки.
Нутела и путер од кикирики


Крцкави и меки: 5 идеи за кроасани-сендвичи што би ги јаделе во кое било време од денот
Исечете ги бананите, ставете ги на загреана тава и прелијте со малку слатко вино. Зголемете ја топлината за да испари алкохолот. Исечете ги кроасаните на половина, премачкајте со слој путер од кикирики и намаз од лешник и наредете ги парчињата банана.
Кроасан ала чизкејк


Со миксер измешајте крем сирење, шлаг и шеќер во прав, а потоа додајте цреши или некое друго овошје и наполнете ги кроасаните. Посипете со прелив за сладолед по желба.
Кроасан со кајгана и стопено сирење


Направете кајгана според омилениот рецепт, исечете ги кроасаните на половина и премачкајте ги со сенф, па наредете неколку парчиња шунка, кајганата и рендано сирење. Завиткајте ги кроасаните во фолија и кратко загрејте ги во рерна – околу осум минути на 200 °C додека не се стопи сирењето.
Авокадо и домат

Авокадото и фета сирењето изгмечете ги со вилушка, додајте чили и лимета, ситно исечен кромид, бибер и измешајте сè. Преполовете ги кроасаните и премачкајте ги со намаз од авокадо и додајте ги парчињата домати.
Шунка, сирење и бешамел


Исечете ги кроасаните на половина и премачкајте ги со бешамел, додајте тенко исечена шунка и сирење, кое се топи убаво, како гауда. Покријте ги подготвените сендвичи со фолија и загрејте ја рерната на 200 °C за да се стопи сирењето. Во меѓувреме, испржете јајца на окото и послужете ги со кроасаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.