Куглоф со јаболка и мед

3 јајца
150 г шеќер
200 мл јогурт
150 мл масло
150 г остро брашно
150 г меко брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
1 лимон
2 јаболка
50 г шеќер во прав
Јаболаката измијте ги, отстранете ги семките и нелупени исечкајте ги на коцки. Кратко обарете ги, исцедете ги, исушете ги на кујнска крпа и попрскајте ги со лимонов сок за да не потемнат. Откако ќе се изладат измешајте ги со 2 лажици брашно.
Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги со миксер. Додадете јогуртот, маслото, ренданата кора од лимон, брашното, прашокот за печиво и јаболката, и благо промешајте со лопатка. Нанесете ја смесата во намрсен и набрашнет калап куглоф. Печете 45 минути на 180 степени.
Превртете го куглофот на чинија и откако ќе се излади наросете го со шеќер во прав.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.