Кузеска: Во очекувања сме на првичните резултати, а потоа ќе излеземе со свој став

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.

,,Денеска имавме мирен и достоенствен ден. Изборите беа фер и демократски. Како што и доликува на земја членка на НАТО. Сепак констатирани се одредени неправилности, но сметаме дека тие се незначителни. Правото на глас не најзначајно право, благодарност на сите граѓани кои гласаа. Одредена благодарност упатуваме до оние граѓани кои гласаа за СДСМ. Во очекувања сме на првичните резултати, а потоа ќе излеземе со свој став” , рече Кузеска.

Гласањето заврши пред 15 минути во Македонија, а сега почнуваат да се бројат гласовите.

Пронајдете не на следниве мрежи: