Левица: Поддршка за денешниот протест за случајот со Онкологија

Политичката партија Левица даде поддршка за денешниот протест за случајот со Онкологија.

– Денеска, за пред Владата на Република Македонија со почеток од 18 часот повторно на социјалните медиуми е најавен протест за случувањата околу кримималот на клиниката за онкологија – социјалниот немир кој го создава Владата на СДС и ДУИ не стивнува!

Левица дава поддршка на протестите, сметајќи дека праведна разрешница е неопходна во конкретниот случај, но и можна единствено преку искажување на револтот на граѓаните и создавање на притисок на институциите кои изминатите години немаат слух за барањата на народот.

За криминалот на клиниката, кој има непосредно резултирано со згаснување на животите на нашите најблиски, потребно е сите инволвирани да се најдат пред обвинителна клупа и да ја сносат одговорноста за своите постапки. – велат од партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: