Леден чизкејк со фил од шумско овошје

фил
200 гр шумско овошје
100 гр шеќер во прав
250гр крем сирење
250 гр слатка павлака
1 паковка чоколада бела
18гр желатин
Подлога
100 гр путер
100 гр топчиња интегрални ( за емби правење )
1 паковка бела чоколада
Прелив
1 паковка темна чоколада
100 гр путер
1 паковка шлаг крем за декорација

Нема да ја должам многу како вовед, зошто мислам дека веќе знаете која сум, од каде сум и како полека стасав до тука.
Сакам само да кажам дека ми дојдовте како мелем на рана и кога ми било лесно и кога било тешко, мислите сум си ги пренасочувала овде, во рецептиве.
Фала ви на сите пријателки за неизмерната поддршка, фала ви на Мои Рецепти што ме поддржавте да опстанам овде. Сликите со полош квалитет, ме научивте како да ги средам и да ги доведам барем за мене, во совршенство.
Колачот го пробав во една слаткара, толку убав вкус ми имаше и пробав да го направам дома на мој начин.
Не излезе токму тој вкус, но излезе едно многу убаво десертче.
Прво го приготвуваме филот:
Ја матиме слатка павлака до степен на јако згуснување.
Желатинот го раствараме и оставаме да набабри.
Овошјето го блендираме добро, го растопуваме желатинот на малку топло и така течен го додаваме во овошјето.
Во еден сад ги помешуваме овошјето, павлаката, растопената чоколада, шеќерот во прав и крем сирењето, соединуваме и ставаме во фрижидер.
Оставаме да постои на ладно додека ја приготвуваме подлогата.
На оган ги топиме белата чоколада и путерот и ја соединуваме со топчињата.
Калапот каде ќе ја редиме подлогата го обложуваме со најлонска фолија.
Притискаме на дното и ја ставаме подлогата.
Го топиме и второто чоколадо темното со путер.
Го прелеваме врз првата смеса и ставаме да се стврдне.
Кога е стврднато го вадиме од калапот и го превртуваме од доле да дојде темната страна.
Потоа го дополнуваме калапот со филот и враќаме назад во ладилник..
Јас ја замрзнав целосно и ја сечев за убави ивици да пресечам.
Вкусот е како овошен јогурт.
Забелешка
Да напоменам дека ако го чувате поголго во ладилник, потешко ќе се сече подлогата доле.
Се стврднува многу и ќе ви пука при сечењето.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.