Лесен и едноставен рецепт за болоњезе паста

Потребни состојки:
1 кромид
100 г печурки
300 мл доматен сос
300 г мелено месо
300 г шпагети
Начин на подготовка:


Запржете го месото со кромидот, пред крај додадете ги печурките и зачинете. Може да додадете сол, сув зеленчук, сув магдонос и буковец. Може да употребите домашно доматно пире доколку имате, но доколку немате тогаш употребете салса, кечап или сл. Доколку е погусто може слободно да го разредите со вода. Оставете го да се крчка околу 5-10 минути на тивок/среден оган. Во меѓувреме сварете ги шпагетите, па додадете ги во сосот. Во сосот доколку имате повеќе време, а и си обожавате други додатоци, може да додадете различен зеленчук, морков, пиперка и сл.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.