Лесен чоколаден ролат

ЗА ПАНДИШПАН
5 јајца
150 г шеќер
5 лажици брашно
150 г чоколадо
ЗА ФИЛ
400 мл млеко
4 кесички шлаг
100 г чоколадo
1 лажица масло
100 г шеќер во прав
Чоколадото растопете го на пареа. Жолчките изматете ги со 75 г шеќер, додадете го изладеното  чоколадо и промешајте.
Белките изматете ги со преостанатиот шеќер и измешајте ги со подготвената смеса. Додадете го брашното, промешајте и од смесата испечете пандишпан.
Филувајте го со чоколадото растопено на пареа со маслото. Нанесете го изматениот шлаг и свиткајте ролат. Откако ќе се излади наросете со шеќер во прав и исечете го ролатот на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.