ЛЕСНО, БРЗО И ВКУСНО: Риба со зачини, каперси и ф’стаци!

Содржи едноставни состојки, подготовката е лесна и брза, а вкусот е феноменален. Пробајте лосос со зачини, каперси и ф’стаци …
Состојки:
1 кг лосос или друга риба, исчистена и исечена на долги филети, со или без кожа
сол, бибер
2 лажици сецкан анасон
2 лажици каперси
лажица сок од лимон
3 лажици масло
12 лажици грубо сецкани ф’стаци
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Подгответе ја тавата во која ќе ја печете рибата. Покријте ги филетите од лосос со хартиена крпа и тапкајте за да извлечете вишок вода од рибата. Со раце истријте сол и бибер по вкус, но имајте на ум дека на лососот ќе ставите солени каперси. Во мал сад измешајте копар, каперсите, сок од лимон и маслиново масло и прелијте ги филетите од лосос. Потоа посипете ја рибата со ф’стаци. Кога рерната ќе се загрее, печете околу 10 минути. Послужете го лососот веднаш штом ќе го извадите од рерна.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.