Летен хит десерт – Чоколаден тарт од 4 состојки, без печење

Вегански, безглутенски, без печење, кремаст и со богат вкус… ова би бил идеалниот вовед на чоколадниот рецепт кој следи.
Радување за непцата и сетилата, а за него ви требаат само 4 состојки.
Идеален е за топлите денови, не треба да вклучувате рерна, а се прави побргу отколку што мислите.
Потребни состојки:
За бисквит:
200g чоколаден кекс
6 лажици путер или маргарин
Чоколаден крем:
300g темно чоколадо
400ml кокосов крем
По желба:
Карамела сос
Сладолед
Чоколадни трошки


Подготовка:
Покријте една ниска тава со хартија за печење. Кексот иситнете го во блендер, па додајте го стопениот путер или маргарин. Мешајте додека не добиете компактна смеса.
Пресипете ја смесата во тавата со хартија.
Ставете го кокосовиот крем во сад со средна величина. Користете ја само густата бела крема и процедете доколку има останато кокосова вода.
Садот ставете го на средна температура и добро мешајте, додека не проврие. Додајте го темното чоколадо и оставете неколку секунди да се растопи. Потоа добро промешајте додека не се соединат во чоколаден крем.
Прелијте го добиениот крем преку подлогата од бисквити и ставете во замрзнувач 2-3 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.