Летна салата со пилешко, авокадо и праска

Лесен и вкусен летен ручек кој е готов за половина час.
Потребни состојки:
2 парчиња пилешки стек
Сол
Зачини по желба
2 лажици масло
За салата:
1 авокадо
2 домати
1 краставица
1 кромид
1 праска
50 г листови од млад спанаќ
1 лажичка сушен босилек
80 мл маслиново масло
4 лажици сок од лимон
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото месо на тенки ленти, наросете со зачин за пилешко месо(или зачини по вкус) и оставете го да отстои околу 30 минути. Во тава со масло испржете го пилешкото месо.
Исечете домат, авокадо, краставица и кромид. Во сад ставете го подготвениот зеленчук, преку него ставете ги листовите од млад спанаќ, па парчињата праска и пилешко. Додајте босилек.
За прелив:
Во маслиново масло додајте сок од лимон, сол и бибер, промешајте и прелијте преку салатата. Промешајте и послужете.
Наместо пилешко месо, може да употребите и фета сирење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.