Летни лазањи со бешамел сос и брокула

Летни лазањи со бешамел и брокула кои задолжително препорачуваме да ги пробате!

Потребни состојки:

пакување лазањи
800г брокула
сол
бибер
200г кашкавал

За бешамел:
100г путер
100г брашно
1л млеко
лажичка сол

Рецепт за совршен бешамел сос

Подготовка:

Брокулата измијте ја, разделете ја на цветови и избланширајте ја во посолена вода. Корите за лазањи подгответе ги според упатството на пакувањето.

За бешамел сосот истопете го путерот, па додајте го брашното и пржете околу две минути со постојано мешање за да не загори. Потоа тргнете го од оганот, сипете околу 1/3 од млекото и постојано мешајте да не останат грутки.

Вратете на шпоретот и гответе на умерен оган, со повремено додавање на остатокот од млекото. На крајот посолете го сосот и оставете го да се излади. Во огноотпорен сад наредете ред лазањи, па сос, па брокули, па рендан кашкавал.

Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот па кратко печете во рерна.

На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.