Лиснат зелник со сирење и јајца

800 г брашно
2-3 лажици масло
1 лажица сол
млака вода по потреба
250 г маргарин
400 г дробено сирење
4 јајца
300 мл јогурт
масло
Во садот со брашното, ги додаваме солта и маслото. Постепено ја додаваме водата и замесуваме средно меко тесто. Го делиме на два дела, еден помал, а другиот поголем.
Од помалиот дел расукуваме тркалезна кора, целата ја премачкуваме со маргарин и ја диплиме неколку пати. Потоа ја виткме во најлонска фолија и ја оставаме во замрзнувач околу 30 минути.
Истата постапка ја повторуваме и со другото парче тесто и го ставаме во замрзнувач.
Кога ќе ги извадиме тестата до фрижидер пак ги расукуваме и ги премачкуваме уште еднаш со преостанатиот маргарин. Повоторно ги враќаме во фрижидер околу 30 минути.
Во длабок сад со виљушка ги матиме јајцата. Ги додаваме дробеното сирење и јогуртот, и го промешуваме филот.
Од поголемото тесто расукуваме кора и ја ставаме во намрсена тава, оставајќи краевите на кората да вират од тавата. Го нанесуваме филот и прекриваме со помалата развлечена кора. Од краевите на долната кора формираме витка на зелникот. Го попрскуваме со масло и печеме околу 40 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.