Во наредните десетина дена ќе бидат поставени десетина нови работни позиции за вадење лични документи каде што граѓаните ќе може да се јават и без закажување и добивање термин, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Новите места ќе бидат поставени во Скопје. Тој во интервју за 360 степени, рече дека ова се прави со цел да се овозможи во предвидениот рок да се заменат сите лични документи на кои ќе стои новото уставно име на државата Република Македонија.
- Николија открива дека Весна Змијанац не била на нејзината свадба: „Никој не знаел“
- Можни прекини во платежните трансакци викендов поради прилагодување на банките за новите стандарди во платниот промет
- Иран преку Катар им испраќа документ за нуклеарната програма на САД: Тие бараат прво да бидат исполнети нивните седум барања
- Русија испрати јасна порака до Студентската листа: Захарова откри што очекува Москва пред преговорите за гасот
- Рашфорд не би бил изненаден ако Јамал освои седум „Златни топки“: „Тој е најблиску до Меси“
-Досега според нашата евиденција околу еден милион граѓани имаат документи со новото име на државата, рече Спасовски.
Тој посочи дека еден од проблемите со кои што се соочуваат е тоа што дури 70 отсто од закажаните термини не се почитуваат, односно граѓаните не доаѓаат во закажаното време и потоа повторно се јавуваат на телефонскиот број да добијат нов термин.
Спасовски нагласи дека нема да има санкции за оние кои нема на време да ги заменат личните документи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



