Лукаревска Раководството треба да си поднесе одговорност, СДСМ да продолжи понатаму

Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ, посочи дека првата грешка која ја направиле е тоа што многу малку пренеле за она што се СДСМ има направено.

,,СДСМ треба да ги направи анализите за да може да продолжи понатаму. Успеавме да направиме многу промени, кога се работи за плати, пензии, членство во НАТО…

Раководството треба да си поднесе одговорност, СДСМ да продолжи понатаму и во парламентот и во општините. Ќе бидеме првите критичари што будно ќе ја следиме новата власт.”, вели Лукаревска

Посочи дека во ниту еден момент СДСМ не скршнал од неговата стратешка определба за членство во НАТО и ЕУ. Лошите кадровски политики и неконзистентноста го направиле своето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.