МАДОНА ГИ ПОДДРЖА СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ: „Оваа е најголемиот студентски протест од 1968“

Американската пејачка и актерка Мадона на својот Инстаграм профил сподели видео на стори за студентските протести во Србија.

„Она што медиумите не ви го кажуваат е дека еден од најголемите студентски протести од 1968 година во моментов се одржува во Србија“, се вели во објавата што ја сподели Мадона.

Заедно со снимките од дрон пишува дека студентите ги затвориле речиси сите универзитети, а во тек се 24-часовни блокади.

„Луѓето на улиците во Србија бараат системски промени и „помалку“ корупција во владата. Професорите и наставниците им се придружија на студентите во нивните протести и владата им се заканува дека ќе останат без работа. Ова е сериозен проблем. Треба оваа ситуација да стане вирална и да ги поддржиме студентите и народот во Србија. Ние стоиме со Србија“, напиша Мадона.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.