Македонско комбе кое превезувало пилиња се запали во Албанија

Комбе со македонски таблички утрово се запалило во близина на патот кон Кемиштај, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија.

Возачот на комбето го забележал пожарот, а противпожарната служба интервенирала на гаснење на пожарот, но причинета е поголема материјална штета. Покрај оштетувањата на комбето, угинати се и голем дел од стоката што е превезена.

Според првичните проценки на противпожарната служба од Лушња, пожарот започнал како последица на технички дефект во системот за климатизација во задниот дел каде што бил товарот.

The post Македонско комбе кое превезувало пилиња се запали во Албанија appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: