МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЌЕ ОДИ НА СУДЕЊЕ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА КАМПАЊАТА: Кумановскиот суд го одбра терминот за рочиште

Основниот суд во Куманово го закажа за 2 април судењето на претседателскиот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово Максим Димитриевски по обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба.

Првото рочиште е закажано на два дена пред почетокот на изборната кампања.

Димитриевски, кој е лидер и на Движењето ЗНАМ, е обвинет по кривична пријава поднесена од двајца кумановски бизнисмени, бидејќи во законскиот рок не го потпишал барањето за комуналии за изградба на згради во центарот на Куманово.

Двете фирми пријавиле дека на тој начин градоначалникот на Куманово им предизвикал штета од околу 55.000 евра.

Димитриевски, по поднесување на обвинението против него, ги обвини двете фирми дека се блиски со СДСМ, а за обвинението рече дека е политички прогонот и реваншизам од страна на неговите поранешни сопартијци од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: