Малку поинакви запечени макарони

400 г макарони
150 г чадена сланина
250 г свежи шампињони
6 суви домати(во масло)
6 гранчиња магдонос
6 лажици рендан пармезан
4 лажици лебни трошки
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
За Бешамел сос
400 мл млеко
3 лажица брашно
30 г путер
сол и мелен црн пипер
Ставете ги макароните да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Во тава на оган ставете ја сланината исечена на коцки да се пржи. Откако ќе се запржи, додадете ги печурките исечени на листови. Посолете, зачинете со мелен црн пипер и пржете додека испари течноста од шампињоните.
Во тенџере на оган ставете го путерот да се растопи. Додадете го брашното, запржете го малку и додадете го топлото млеко. Посолете, наросете црн пипер и мешајте додека се згусне сосот.
Во сад за печење ставете ги сварените и исцедени макарони. Врз нив ставете ги пропржените печурки со сланина, сувите домати исечени на мали парчиња и исечканиот магдонос. Прелијте со Бешамелот и измешајте.
Одозгора наросете со пармезанот и лебните трошки. Попрскајте со маслиново масло и печете 20 минути на 200 степени или додека макароните поруменат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.