МВР информира дека синоќа во 19.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул. „Партизанска“ во Струга, мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Радолишта, Струшко, удрил во малолетничка од село Вејце, Тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката- пешак, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.