Масакр кај Купјанск! Во нападот загинаа 48 лица, Зеленски со итно соопштение!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во четвртокот дека 48 лица се убиени во руски напад врз селото Гроза во североисточниот регион Харков, во близина на градот Купјанск.
Зеленски на апликацијата за пораки Телеграм рече дека проектилот погодил продавница за храна. Тој го опиша нападот како „брутално руско злосторство“.

Меѓутоа, Министерството за внатрешни работи на Украина официјално потврди дека станува збор за погодок во селска кафана, каде што се одржувала панихида за починат жител, поради што таму се собрале многу луѓе.

Масакр кај Купјанск! Во нападот загинаа 48 лица, Зеленски со итно соопштение!

Овој удар беше најмасовниот во однос на жртвите во регионот на Харков од почетокот на војната, изјави Елена Шаповал, портпаролка на шефот на управата во Харков.

Претходно беа пријавени бројни напади со беспилотни летала низ цела Украина во текот на ноќта, а наводно била погодена и една болница.

Во меѓувреме на социјалните мрежи беа објавени шокантни видеа и фотографии на кои се гледаат телата на жртвите.

Шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак ги откри деталите за нападот.

  • Русите пукаа кон цивилен објект во селото Грожа и округот Купјан. Прелиминарно е познато дека загинале 48 лица, меѓу нив имало и шестгодишно момче. Се знае дека и шестмина се ранети. Меѓу нив има и мало девојче. Продолжува чистењето на урнатините – вели Јермак.

Гранатирањето го потврди и шефот на регионот Харков, Олег Синегубов.

  • Денеска околу 13 часот и 15 минути Русите пукале во кафуле и продавница во селото Грожа каде имало многу цивили. Спасувачите продолжуваат да работат. Досега од урнатините се извлечени телата на 48 цивили. Меѓу нив е и шестгодишно момче – изјави Синегубов.

Претходно беа пријавени бројни напади со беспилотни летала низ цела Украина во текот на ноќта, а наводно била погодена и една болница.

Русија ја нападна Украина со беспилотни летала во уште еден масовен напад рано во четвртокот, додека претседателот Зеленски е во Шпанија за да добие поддршка од западните сојузници на самитот на околу 50 европски лидери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.