Мајк Тајсон повторно во рингот во јули



Поранешниот светски шампион во бокс и еден од најдобрите боксери на сите времиња, 57-годишниот Мајк Тајсон се враќа во рингот и ќе се бори на 20-тиi јули на стадионот „Арлингтон“ кај Далас во егзибициски меч против 30 години помладиот Џејк Пол, кој стана познат по своите објави на YouTube пред да се посвети на тренирањето бокс.

Дуелот ќе се одигра на стадионот на кој настапува НФЛ тимот на Далас Каубојс и ќе се емитува на Netflix.

„Џејк значително се подобри со текот на годините и ќе биде интересно да се види какви се неговите амбиции против GOAT (најголемиот на сите времиња)“, објави Тајсон.

Во ноември 2020 година Тајсон имаше егзибициска борба против Рој Џонс во Лос Анџелес.

Од друга страна, Џејк Пол не е првиот од тоа семејство кој влегува во рингот со боксерска легенда, неговиот брат Логан Пол се бореше со Флојд Мејведер во 2021 година.

Џејк Пол во текот на својата досегашна кариера веќе забележа 10 борби со сооднос победи-порази 9-1.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: