МЕДВЕДЕВ ЖЕСТОК КАКО НИКОГАШ: ЗЕМЈАТА ЌЕ ГОРИ, БЕТОНОТ ЌЕ СЕ ТОПИ!

Медведев на Телеграм нагласи дека приклучувањето на Украина во НАТО ќе ги обврзе другите членки да ја бранат Украина…

…во вторникот украинската влада ги претстави безбедносните гаранции кои ги смета за неопходни за својата земја по завршувањето на конфликтот со Русија. Планот предвидува оружје и обука што Украина ги бара од западните сојузници за да може во иднина да го брани својот суверенитет…
МЕДВЕДЕВ ЖЕСТОК КАКО НИКОГАШ: ЗЕМЈАТА ЌЕ ГОРИ, БЕТОНОТ ЌЕ СЕ ТОПИ!

Кремљ објави дека амбициите на Украина да се приклучи на НАТО се закана за безбедноста на Русија и дека затоа е неопходна и оправдана „специјална воена операција“ во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека идејата на Украина да се приклучи на НАТО е „главна закана“ за Русија, што „ја нагласува важноста и итната потреба за обезбедување на безбедноста и националните интереси“ на Русија.

Да потсетиме, во вторникот украинската влада ги претстави безбедносните гаранции кои ги смета за неопходни за својата земја по завршувањето на конфликтот со Русија. Планот предвидува оружје и обука што Украина ги бара од западните сојузници за да може во иднина да го брани својот суверенитет.

Планот предлага неколку европски земји, заедно со САД, Канада, Австралија и Турција, да бидат гаранти за безбедноста на Украина, како и да продолжат напорите Украина да се приклучи на НАТО.

Иако на почетокот на руската инвазија Украина се понуди да се откаже од својата уставно задолжителна цел за приклучување кон НАТО во замена за прекин на огнот, Киев сега вели дека е заинтересиран само за полноправно членство, а не за полабава варијанта на гаранции.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој стана еден од најгласните поборници за војна меѓу политичарите во Русија, изјави дека барањата на Украина може да резултираат со „трета светска војна“.

Медведев на Телеграм нагласи дека приклучувањето на Украина во НАТО ќе ги обврзе другите членки да ја бранат Украина.

Тој исто така додаде дека ако НАТО се надева дека ќе ја ослабне Русија на овој начин, може да очекува „Земјата да гори и цементот да се топи“.

Пронајдете не на следниве мрежи: